Првата контрола за Работнички во текот на овие зимски подготовки беше вчера, и тоа се одигра меѓусебе.Тренерот Александар Влахо ги подели играчите во два тима. Колку за прва “пријателска“ беше добро, тоа беше жесток ритам, а во преден план беа и новаците. На проба е и младиот напаѓач од Србија, Јован Петровиќ. Во секој случај факт е дека тренерот Влахо има добар тим, има конкуренција, ќе треба само добро да се воигра екипата и напролет да победува.

Инаку првиот првијателски меч Работнички ќе го има на 20 јануари и тоа против Борец.