Македонците секогаш се гладни за успеси, а кој не е? Поразите ни паѓаат тешко, иако знаеме нереално да судиме, ниту сакаме да ја видиме сликата пошироко. Бараме победи и чуда од ракометарите на СП во Египет, но не сакаме да признаеме, дека ова првенство го добивме на подарок, без вистински да бидеме подготвени, без поискусните репрезентативци.

Во последните години, единствена причина за национална радост ни се репрезентациите. Затоа по секој изгубен меч ја губиме контролата и по социјалните мрежи со „дрва и камења“ удираме по оние кои го носат „црвено-жолтиот“ дрес.

Треба да бидеме горди во секоја ситуација, во пораз или победа. Токму слична порака испрати директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, кој долго време играше за Македонија. Тој најдобри ги сфаќа ракометарите, а на Македонците им порача дека треба да бидеме горди зошто во оваа 2021 година, одбојкарите и фудбалерите ќе играат на ЕП, додека ракометарите веќе се на СП.

Спортот е компетативен, но и во подемите и падовите, секогаш, еднакво му е потребно бодрење и поддршката! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Вечерва…

Posted by Naumce Mojsoski on Saturday, January 16, 2021