Вчерашните дуели во НБА-лигата минаа во знакот на дебито на Џејмс Харден во дресот на Бруклин. На својот премиерен меч беше одличен. Нетси го победија Орландо со 122-115, а популарната „Брада“ запиша трипл-дабл.

Харден 32 поени, 12 скока и 14 асистенции, со овој учинок го стори она што не можеа Леброн Џејмс и Мајкл Џордан. Постана седмиот играч во историјата на НБА-лигата кој во деби меч запишал трипл-дабл. Харден влезе во друштво на Расел Вестбрук, Оскар Робертсон.  Инаку прво име во редовите на Бруклин беше Кевин Дурент со 42 поени.

Резултати: Сан Антинио – Хјустон 103-91, Бруклин – Орландо 112-115, Торонто – Шарлот 116-113, Мемфис – Филаделфија 106-104, Мајами – Детроит 100-120, Портланд – Алтанта 112-106.