Лоши вести доаѓаат од раководството на Формула 1. Имено по се изгледа дека и оваа година нема да се вози најспектакуларната трка во Формула 1, а таа е ГН на Монако и тоа низ улиците на Монте Карло. Трка која секогаш е супер атрактивна и за гледање, па и со посредство на ТВ екраните.

Имено со оглед дека пандемијата се уште трае, големи се шансите и во оваа 2021 сите улични трка во Формула 1 календарот да бидат откажани, како оние во Монако, Канада и Азербејџан.

Сепак дефинитивната одлука ќе биде познато во наредните неколку недели.