Откако во минатите 2-3 години потроши цело богатство на купување нови играчи, и тоа повеќе од една милијарда, се разбира во евра, стратегот на Манчестер Сити , Пеп Гвардиола од клубот добива 250 милиони евра за летен шопинг. Во тековниот зимски преоден рок клубот од „Етихад“ нема да се расфрла со пари, но затоа на лето ќе бара напаѓач од светска класа. Изборот е меѓу Ерлинг Халанд, Ромелу Лукаку и Дарви Нуњез. Јасно е дека Пеп бара наследник на Серхио Кун Агуеро, најдобриот напаѓач и голгетер во историјата на Манчестер Сити, клупската икона кој веќе е во години.

Во оваа сума предвидена за трансфери, не е вклучена и онаа за евентуалното купување на Лео Меси, кој се уште не одлучил дали ќе се замине од Барса, и ако замине каде ќе ја продолжи кариерата.