Хрватскиот ракометен селектор Лино Червар во овие моменти ги прави финалните подготовки за мечот против Ангола кој го игра денеска од 18:00 часот. Веќе е познато дека за Лука Циндриќ заврши овој мундијал, а сега хрватите јавуваат дека Червар направил уште една измена и во записникот на место Марин Шипиќ за денешниот меч е пријавен Халил Јагањац.