Во пресрет на денешното мега дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, еве една куса приказна за тоа дека и најголемите понекогаш можат да погрешат.Имено легендарниот менаџер на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон навремето можел да го донесе во клубот никој друг туку Џордан Хендерсон, сегашниот капитен на Ливерпул. Имало интерес, имало и почетни преговори, тогашниот играч за врска на Сандерленд требало бил блиску до голем трансфер на “Олд Трафорд“, но тогаш Фергусон во последен момент се предомислил, едноставно не му се допаѓало како тоа Џордан трча. Со тој стил бил подлежен на повреди. Барем така му рекле од докторскиот тим на Јунајтед.

Подоцна некогашниот менаџер на Манчестер Јунајтед признал дека погрешил.