Македонската одбојкарска репрезентација по вторпат ќе игра на едно Европско првенство. Нашите момци ја совладаа Турција со 3-1 и го завери местото на континенталното натпреварување.

Капитенот, Никола Ѓорѓиев на својата официјална „Фејсбук“ страница сподели емотивна фотографија од својата ќеркичка, која сите мечеви поради пандемијата коронавирус ги гледаше пред ТВ-екраните во дресот на својот татко.