Арсенал продолжува со добрите настапи во Премиер лигата, а вечерва на „Емирати“ во 19. коло падна Њукасл. По првото полувреме беше 0:0, а во второто „топчиите“ се распукаа и победија со 3:0 што беше нивен четврти триумф во петте претходни првенствени натпревари.

Два гола постигна Обамејанг, а еден Сака. Њукасл веќе деветти натпревар по ред (вклучувајќи го и ФА купот) не знае за триумф. Во таа низа освои само два бода.

А Арсенал го запиша шестиот триумф над Њукасл, а петти во Премиер лигата. Да потсетиме пред една недела го совлада истиот противник со 2:0 во ФА Купот но тогаш со два гола во продолженијата.