Екс младинскиот репрезентативец на Сенегал, Алберт Боугазели или популарно наречен Бебето е нов играч на тимот на Шкупи. Десното крило од Африка му се приклучи на тимот на подготовките во Анталија и во следните неколку дена и официјално ќе биде промовиран во новиот дрес. Се работи за 24 годишен офанзивец кој ги има минато сите младински категории во репрезентацијата на Сенегал, во моментов има 24 години и последно настапувал за домапшниот тим на неговата земја. И не само тоа. 191 сантиметар високиот играч е еден од најдобрите стрелци во Сенегал, а досега настапуваше за екипата на Џенерејшн Фут.

Од друга страна пак покрај Боугазели, Шкупи е посилен и за неговиот сонародник Папа Хамиду Диенг кој е изразит напаѓач и кој исто така во следните неколку дена официјално ќе биде промовиран во дресот на Шкупи.

Првиот пријтелски меч чаирчани во Анталија го играат на 26 против вториот тим на Зенит.