Бекот на Кливленд Кавалирс Портер Џуниор ќе биде трејдуван или отпуштен после кавгата во соблекувалната во петокот, пренесува порталот „Атлетик“. Играчот на Кавс влегол во соблекувалната и видел дека неговото шкафче му го дале на новакот Торијан Принс кој дојде од Бруклин и поради тоа тотално збесна.

Според неофицијални информации, на Портер му дале шкафче во делот од соблекувалната каде се наоѓаат младите играчи и резервите кои немаат минутажа. Кога тоа го видел, почнал да вика и да ја фрла храната наоколу.

Раководството на Кливленд не сака бунтовник во тимот и ќе проба да го трејдува 20-годишниот кошаркар, а тренерот Џеј Би Бикерстаф и онака не сметаше на него оваа сезона „поради лични причини“. Темпераментниот кошаркар учествуваше во сообраќајна несреќа, а кај него беше пронајдено и огнено оружје.