Вечерва се играа натпревари во втората холандска лига, а еден од нив беше дуелот меѓу вториот тим на ПСВ и НАЦ Бреда кој заврши 1:1. Сепак, на мечот беше забележан еден смешен момент. Играчот на НАЦ Рамон Хендрикс сакаше да изведе аут. Веројатно му се лизна топката, па на крајот потегот излезе смешен. Додека неговите играчи се местеа во противничкиот шеснаесетник, Хендрикс се избрука и му ја препушти топката на противникот.