Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело, кариерата ќе ја продолжи во Монако. Според информациите, Бразилецот веќе преговара со тимот од кнежеството и е близу до постигнување договор.

Оваа сезона, Марсело добива многу малку шанси за настап. Тој забележа само 6 натпревари во Ла Лига и е подготвен да ја промени ситуацијата и да замине во тим каде што ќе игра редовно.

Досега се сметаше дека Јувентус и Интер имаат најсериозен интерес за 32-годишниот лев бек, но се чини дека Монако ја има најдобрата понуда за Бразилецот. Некои медиуми во Шпанија тврдат дека двете страни постигнале принципиелен договор, со кој Марсело потпишал на три години и ќе добива по 6 милиони евра од сезона.