Со двата гола на повратникот Златан Ибрахимовиќ Милан го победи Каљари во гости со 2:0 и ја сочува првата позиција на табелата и трите бода предност во однос на второпласираниот Интер. Ова е последниот меч од 18. коло во Серија А, а „росонерите“ стигнаа со 13-тата победа односно седма сезонава во гости.

Првиот гол Ибра го постигна од пенал, а вториот откако избегна офсајд стапица и ја затресе мрежата на домашните. Миланската екипа го заврши натпреварот со 10 фудбалери затоа што Салемакерс заработи црвен картон во 74 минута.

Инаку ова е 43-та победа Милан над Каљари во 77-миот дуел. Исто така Милан на 19-ти меч на гостински терен постигнува гол(ови) изедначувајќи го личниот рекорд остварен помеѓу март 1992 и април 1993 година.

Ибрахимовиќ е најрасположен против Каљари. Заедно со вечерашниот меч реализирал на седум дуели против таа екипа.

А Каљари го запиша петиот пораз по ред во првенството  нивна најдолга серија по 2013 година.