Арсенал игра против Њукасл во последниот меч од 19.коло на Премиер лигата и резултатот на полувремето е 0:0. А „топчиите“ можат да жалат што не дојдоа во водство. Обамејанг имаше фантастична шанса но не погоди од идеална позиција. Сака шутна од десно, голманот на Њукасл кратко ја одби топката која стигна до Обамејанг на втората статива. Габонецот пред себе имаше празен гол и шутна од прва но тоа го направи лошо и топката се одби од пречката и се врати во поле.