Скандинавските репрезентации на Исланд и Норвешка забележаа победи во 3. коло од прелиминарната фаза на Светското првенство во Египет. Исланд со убедливата победа над Мароко со 31:23 обезбеди пласман во главната рунда, а тие немаа многу проблеми против африканската селекција. Најефикасен на мечот беа Исланѓаните Виго Кристијансон и Олафур Гулмундсон со по шест голови.

А Норвешка ја победи Австрија со 38:29 и со тоа пренесе два бода во следната фаза бидејќи ќе ги има бодовите од мечот со Швајцарија. Сандер Сагосен постигна девет голови, а Тонесен седум во триумфот на Норвешка која во следната фаза за противници ќе ги има Португалија, Исланд и Алжир.