Македонија е во наредната фаза на Светското првенство. Победата над Чиле во последното коло ни ја отвори вратата во втората рунда каде што задачата ќе биде многу потешка. Еден од поискусните ракометари Стојанче Стоилов зборуваше за турнирот, за репрезентацијата и за пласманот понатаму.

Одигравме два катастрофално лоши натпревари, сепак, мило ми е што сме во следната рунда што останавме на турнирот и што ќе продолжиме да ја презентираме земјата. Мислам дека од меч во меч ќе се подготвуваме, имаме неколку искусни ракометари , а мислам и седум играчи кои првпат се на СП. Ова е специфично првенство, знам дека цела Македонија со нетпрение го чекаа шампионатот и жалам што не можевме подобро да се подготвиме“, изјави Стоилов.