МЗТ Скопје вечерва го одработи претпоследниот тренинг пред утрешниот прв меч на вториот турнир од АБА2 во Бања Лука.

“Атмосферата е одлична, а најдобра вест во една ваква пандемична реалност е што и на второто тестирање во БиХ сите во нашиот табор се негативни и подготвени да дадат се од себе”, велат од таборот на МЗТ.

Утрешен ривал на македонскиот тим е словенечки Хелиос (21 часот), меч кој ќе се одигра во салата “Борик” со пренос на телевизијата Арена спорт.