Кошаркарите на Јута славеа над Денвер на гостински терен со 109:105 и ја обезбедија деветтата сезонска победа којаги одведе на 3. место во Западната конференција. Извонреден настап кај „џезерите“ имаше Кларксон кој мечот го заврши со 23 поени, додека Донован Мичел постигна 18 поени и 7 асистенции.

Кај Денвер, Никола Јокиќ имаше нов „дабл-дабл“ ефект од 35 поени, 9 асистенции и 14 скока, а Џамал Мареј заврши со 30 поени.

Њу Орлеанс го совлада Сакраменто со 128:123 на гости и ја прекина серијата од пет поледователни порази. „Пеликанс“ до победата беа предводени од Зион Вилијамсон со 31 поен, додека кај домашните Дејрон Фокс заврши со „дабл-дабл“, 43 поени и 13 асистенции.

Во последниот ноќешен меч екипата на ЛА Клиперс немаше потешка задача да ја победи Индијана. Во Стејплс Центарот“ домашните обезбедија убедлив триумф од 129:96 за десетта победа во 14-тиот настап оваа сезона. Дуелот меѓу Оклахома и Филаделфија беше одложен.