Давид Алаба кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, судејќи според шпанските медиуми кои тврдат дека двете страни нашле заеднички јазик.

Одличниот австриски репрезентативец ќе стане дел од „кралевите“ од идната сезона и тоа како слободен играч.

„Сагата“ на Алаба траеше неколку месеци, откако одби да го продолжи договорот со Баерн Минхен, барајќи голема плата. Реал Мадрид одамна пројави интерес, но и тие не можеа да се договорат околу условите на дефанзивецот.

За него беше заинтересиран и Ливерпул, а се споменуваше и Челзи.