Одбраната на Торонто беше клучна во победата на овој тим против Далас 116:93 во синоќешните натпревари од НБА лигата. Торонто го најде рецептот, односно го сопре најдобриот кошаркар Лука Дончиќ. Словенецот, дојде на чекор до трипл-дабл, но тоа беше премалку неговиот тим да го сочува од третиот пораз во низа.

Домаќините уште од самиот старт извршија притисок на Лука Дончиќ со груба одбрана, па тренерот на Далас Рик Карлсли е исклучен уште во 3. минута поради бурна расправија со судиите.

Таа тактика даде резултати затоа што Торонто од стартот на мечот ја превзеде иницијативата и водството, а Далас само во втората четвртина дојде до предност и до израмнување.

Дончиќ мечот го заврши со 15 поени, девет асистенции и осум скокови.

Кајл Лаури во победничкиот тим беше најефикасен со 23 поени.

Чикаго го надигра тимот на Хјустон со 125:120, а Мајами беше сигурен на свој терен со Детроит 113:107. Сан Антонио беше подобар од Портланг со 104:125, а Голден Стејт беше подобар од Ла Лејкерс со 115:113.

РЕЗУЛТАТИ:

Њујорк – Орландо 91:84
Атланта – Минесота 108:97
Портланд – Сан Антони 104:125
Мемфис – Феникс 108:104
Бруклин – Милвоки 125:123
Торонто – Далас 116:93
Чикаго – Хјустон 125:120
Мајами – Детроит 113:107
Ла Лејкерс – Голден Стејт 113:115