Атлетико Мадрид му соопштил на тренерот Диего Симеоне дека почнуваат преговори за нов договор.

Договорот на Аргентинецот ќе биде до 2024 година. Извршниот директор Мигел Анхел Хил ќе направи од него најскапоплатен тренер. Актуелниот договор на Симеоне истекува во 2022 година.

За нов договор се споменуваше и претходно, но беше доведен во прашање поради елиминацијата од Купот од нисколигаш, но извршниот директор истакнал дека никогаш не станувало збор за можноста Чоло да ја напушти клупата на Атлетико.

Симеоне е тренер на Атлети од 2011 година. Два пати играше финале во ЛШ, и успешно им „пркоси“ на гигантите Барселона и Реал Мадрид. Оваа година е на добар пат да освои нова титула во Шпанија.

Симеоне, со бонуси, моментално заработува нешто над 30 милиони евра по сезони. Исто така Чоло е свесен дека пандемијата поради коронавирусот можеби ќе ги намали неговите примања, но тоа нема да биде драстично намалување.