Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот за дуелот со Словенија, прв од главната рунда на СП. Како што најави, предводникот на „црвено-жолтите“ направи една промена.

За првпат на Мундијалот во составот на нашиот најдобар национален тим се најде Мартин Серафимов. Од претходната средба со Чиле го нема Цветан Кузманоски.

Натпреварот е закажан со почеток во 15:30 часот, директен пренос ќе има МТВ.