Баерн Минхен и натаму е на врвот на табелата во Бундеслигата, откако денеска, потешко од очекувањата, со само еден гол од пенал на Левандовски, го совлада Аугзбург на гостински терен.

Три бода со победа од 1:0 успеа да избори и Лајпциг, кој играше на домашен терен со Унион Берлин. Форсберг погоди во 70. минута за вредна победа на Лајпциг, кој ја продолжи трката со Баерн за првото место.

Фрајбург одигра 2:2 со Ајнтрахт Франкфурт, додека Арминија Билефелд го „растури“ тимот на Штутгарт со 3:0.