Чешката ракометна репрезентација не отпатува на СП во Египет поради проблем со позитивни случаи на коронавирус во своите редови непосредно пред стартот на ова натпреварување. На местото на оваа селекција во последен час замина Македонија.

Но за овој хаос нема прочка. Селекторите Јан Филип и Даниел Кубеш добија откази, а оставка поднесе и претседателот на ракометната федерација на земјата, Јарослав Чавални  и двајца членови на ОУ меѓу кои и директорот на репрезентацијата Даниел Чурда, понесоа оставки. поради лошо менаџирање со ситуацијата.