Нашите ракометари ги чекаат нови три тешки битки. Во главната фаза силите ќе ги одмерат против Словенија, дуел кој се игра денеска, потоа не чекаат Русија и Белорусија.

Шансите за изненадување против Словенците се минимални. Селекторот на оваа репрезентација, Љубомир Врањеш на располагање има „армија“ на искусни играчите, тие за настапот на ова Светско првенство се подготвуваа долго време. И покрај ова од таборот на противникот се претпазливи.

„Во денешно време нема лесни противници, истото важи и за Македонија. Оваа репрезентација има најмалку тројца исклучително квалитетни ракометари во своите редови. Ние сме фаворити на овој натпревар, но тоа мора да го покажеме на теренот. Верувам дека ќе го направиме“, изјави словенечкиот селектор на Словенија.

Блаж Благотиншек ќе биде главен играч на линијата од шест метри, и нему добро му е позната Македонија.

“Одигравме многу натпревари со Македонија во минатото, во некои имавме големи проблеми и загубивме. Треба да се фокусираме од првата до последната минута и да играме со полни сили, само во овој случај можеме да се надеваме на нови победи во Египет“.

ФОТО: ИХФ