Македонската ракометна репрезентација денеска (15:30 часот) ја почнува серијата на нови тешки натпревари на Светското првенство во Египет. На стартот на главната фаза во новофоримираната група, Данило Брестовац и ракометарите за противник ја имаат селекцијата на Словенија.

Според ростерот, но и историјатот на пресметки, Словенците се фаворити. До сега со оваа репрезентација сме одиграле 13 меча, 11 од нив завршиле во корист на противникот, а само два ги добила Македонија.

Капитенот, Кирил Лазаров последен пат над Словенија славеше на ЕП во Загреб, во првата фаза со 25-24, додека претходно во Белград исто на ЕП во борбата за петото место (28-27).