Какво чудо се случи вечерва во Шпанија, откако третолигашот Алкојано го елиминираше Реал Мадрид во Купот. И тоа со играч помалку во продолженијата.

Милитао во 45. минута донесе водство за „кралевите“ и се чинеше дека се е на место. Солбес во 88. минута донесе израмнување за третолигашот и натпреварот отиде во продолженија.

Таму голема предност за Реал Мадрид, со оглед дека Алкојано заработи исклучување. Меѓутоа Казанова во 115 минута погоди и така донесе огромна сензација.