Нови заминувања од Вардар. Имено како што дознава СПОРТМЕДИА, играчот за врска Мики Петровиќ е пред потпис со Сабаил, тим од елитната лига во Азербејџан, поточно од Премиер-лигата на таа земја. Интересно е тоа што Петровиќ во Вардар беше само шест месеци, претходно играше и за Работнички, имаше и интернационална кариера, а има неколку настапи и за нашата репрезентација.

Петровиќ се поврзуваше со трансфер во Академија Пандев, имаше и преговори, раководството на струмичани го чекаше тоа “ДА“ од Петровиќ до денеска кога Академија Пандев замина за Анталија, но тој се реши кариерата да ја продолжи во Азербејџан.

Инаку се најавува уште едно заминување од Вардар, и тоа на искусниот напаѓач Филип Петковски кој треба да замине во Казахстан. Тој е во преговори со еден тамошен клуб и веројатно трансферот е пред реализација.

Тоа значи дека од Вардар досега си заминаа тренерот Александар Васоски, Јован Попзлатанов, Дарко Мицевски, Марко Мартинага, Чарлстон, Бесар Гуџуфи, Матеј Цветаноски, Мики Петровиќ и Филип Петковски.

И не само што во Вардар никој досега не е дојден како нов играч, туку вардарци се уште не ги стартувале зимските подготовки од познати причини.