Муарем Муарем, искусниот играч за врска, некогашен репрезентативец, е нов фудбалер на Брегалница. Муарем, кој до пред некој беше член на Работнички, е големото зимско засилување за штипските “сини“ кои и со овој потег покажуваат дека немаат намера да се шегуваат, дека приоритет им е напролет да го одбраната првото место во Втората лига – Исток и директен пласман во фудбалската елита во Македонија.

Инаку Муарем Муарем, кој има и богата интернационална кариера, во Турција, Азербејџан, Албанија, и тоа како добро ќе му дојде на стратегот на штипските “сини“ Марјан Секуловски.