Кристијано Роналдо вечерва постигна рекорд во историјата на фудбалот. Тој против Наполи го постигна својот 760-ти гол во кариерата, што е најмногу од сите играчи во историјата на фудбалот, надминувајќи го Бикан кој имаше 759.

Роналдо погоди во 64. минута, и со тоа го сруши рекордот.

Тој има пет гола за Спортинг Лисабон, 118 за Манчестер Јунајтед, 450 постигна во дресот на Реал Мадрид, 102 за Португалија. За Јувентус го даде својот 85-ти гол.