Фановите гласаа за најдобрите фудбалери според позиции за 2020 година, па на крајот УЕФА врз основа на резултатите го оформи тимот на годината. Во формација 4-2-3-1, а во него се наде и Роберт Левандовски кој беше прогласен за најдобар фудбалер за изминатата 2020 година и од УЕФА и од ФИФА.

На списокот го има и Серхио Рамос, бекот на Реал Мадрид по рекорден деветти пат се наоѓа во ова друштво избрано од навивачите.