Манчестер Јунајтед експресно се врати на чело на табелата со победата над Фулам на гостински терен од 1:2. Јунајтед се намачи да дојде до триумфот, но на крајот успеа во намерата.

Лукман во 6. минута донесе водство за Фулам, и „шок“ за Манчестер. Меѓутоа до крајот на полувремето Кавани, по малку и среќно израмни.

Во вториот дел Јунајтед притискаше, но и Фулам повремено се закануваше. Погба во 65. минута постигна прекрасен гол, и ја донесе победата. Шутираше од 25 метри прецизно во аголот од голот на противникот. Во финишот Фулам имаше голема шанса да израмни, но ударот со глава на Митровиќ заврши за малку крај голот.