Вечерва во рамките на нашата, група 4, се одигра последниот меч од 1.коло во главната фаза. Шведска и Белорусија одиграа супер интересен и возбудлив меч, неизвесен до крајот. Имено на неколку секунди до крајот Шведска имаше водство од 26-25 и топка. Тие малку избрзаа со нападот, а на неколку секунди до крајот, во последниот напад Јуринок погоди за конечни 26-26. Па така и двете екипи освоија по бод.

Во вториот вечерашен меч, оној групата 3, Норвешка со 29-28 ја победи Португалија, која имаше напад и шут во последните секунди за реми, но Португалците ја погодија само стативата и останаа без бод. Норвешка славеше екстра значајна победа.

 

ГРУПА – 4

ТАБЕЛА

1.ШВЕДСКА 5

2.ЕГИПЕТ 4

3.СЛОВЕНИЈА 4

4.РУСИЈА 3

5.БЕЛОРУСИЈА 2

6.МАКЕДОНИЈА 0

 

ГРУПА – 3

ТАБЕЛА

1.ФРАНЦИЈА 6

2.ПОРТУГАЛИЈА 4

3.НОРВЕШКА 4

4.ИСЛАНД 2

5.ШВАЈЦАРИЈА 2

6.АЛЖИР 0