Фудбалскиот сојуз на Италија денеска ги потврди датумите и термините за одигрување на натпреварите од четвртфиналето на Купот на Италија. Последниот четвртфиналист ќе го добиеме вечерва откако последниот меч го играат Лацио и Парма.

Први на четврфиналната сцена влегуваат градските ривали Интер и Милан. Тие во големото градско дерби ќе се сретнат на 26 јануари, а ден подоцна ќе се одиграат уште два четврфинални меча: Аталанта и победникот од мечот Лацио – Парма, па по овој меч ќе се сретнат Јувентус и СПАЛ.

Последното четвртфиналњ ќе го одиграат меѓу Наполи и Специја на 28 јануари.