Ни Пеле, ни Бикан, ни Меси, фудбалот има нов КРАЛ на головите. Неговото име е Кристијано Роналдо. Португалецот во дресот на Јуве синоќа, како што веќе пренесе СПОРТМЕДИА, против Наполи на нашиот Елмас го постигна својот 760 гол во својата кариера. Со тоа ги надмина сите досегашни рекордери, или рекордер како Бикан кој пред многу децении застана на 759. Пеле, според многумина кралот на фудбалот, достигна “само“ 757 голови, а Лео Меси 746.

Тоа е тоа што би се рекло. На пиедесталот има место само за најдобриот, а таму од синоќа е Кристијано Роналдо.

Е, па, народе, време е да му се поклоните на КРАЛОТ!

Фото: Моцарт