Македонскиот прволигаш Шкупи денеска го потврди заминувањето на најдобриот напаѓач во есенскиот дел од сезоната Дембо Дарбо. Клубот од Чаир му се заблагодари на Африканецот кој ќе ја продолжи кариерата во белорускиот шампионат, во екипата на Шахтјор Солигорск.

Дембо дојде во Шкупи во август 2019 година, а стана важен фудбалер со тоа што постигна  16 гола во Првата лига и уште 2 во Купот.

„Им се заблагодарувам на сите за поддршката што ми ја дававте уште од првиот ден кога дојдов во Чаир. Му посакувам на Шкупи се најдобро во иднина и се надевам дека уште во оваа сезона ќе станат шампиони. Ве сакам и ќе се радувам на секој ваш успех“, порача Дeмбо.