Фото: ABA 2 league/ Dragana Stjepanovic

 

Нема два од два за македонскиот шампион, тимот на МЗТ Скопје во вториот “балон“ во АБА 2 во Бања Лука. “Металците“ во меч кој предмалку заврши, загуби и тоа убедливо од Слобода Ужице со 70-81 (18-15,19-22, 12-25, 21-19). Со овој пораз нашиот тим како да ги намали шансите за првото место во групата. Инаку ова беше вкупно шести меч за МЗТ Скопје во АБА 2 и севкупно втор пораз.

Металците“, кои на овој меч важеа за фаворити, добро го започнаа мечот. Првата четвртина ја добија со 18-15.Втората ја загубија со три разлика, но третата беша решавачка кога момците на тренерот Ѓорѓи Кочов успеја да ја загубат со неверојатни 12-25. И после се беше само рутина за српскиот тим во послената четвртина.

Во тимот на МЗТ Скопје најдобар поединец беше Гравет со 22 постигнати поени, додека кај противникот најмногу поени забележа Степановиќ, кој релаизираше 20 поени.

На крај да кажеме дека на првиот меч во Бања Лука, МЗТ Скопје го победи тимот на Хелиос.