Македонскиот младински репрезентативец Кристијан Ацковски во моментов е дел од тимот на Шериф Тираспол каде што најверојатно ќе ја продолжи својата кариера.

Трофејниот клуб од Молдавија го доведува играчот за врска кој досега беше дел од екипата на Брегалница Штип, а претходно настапуваше и за екипите на Борец односно Работнички.

Токму клубот од Дебар Маало е негов матичен клуб, но потполна афирмација овој 22. годишен играч очигледно дека ќе направи во клуб што е далеку од дома што се вели.

Тој би требало да го комплетира трансферот следните денови и да стане член на еден од најдобрите клубови во тој дел од Европа.