Македонскиот младински репрезентативен голман, и член на Шкендија, Беким Реџепи следните шест месеци ќе ги мине на позајмца во шампионатот на Албанија, односно во тимот на Скендербег.

Таму веќе замина Леард Садриу стоперот кој исто така е под договор со Шкендија, но и тој и Реџепи очигледно дека периодов сакаат далеку поголема минутаа.

Реџепи изминатиот период имаше минутажа во дресот на Шкендија претежно во купот но, со оглед на фактот Захов е неприкосновен на голот, а згора на тоа потпиша и нов договор јасно е зошто Реџепи заминува во Албанија.