Македонската ракометна репрезентација запиша уште еден убедлив пораз на Мундијалот, беше совладана од Русија во вториот меч во главната рунда.

По дуелот, селекторот Данило Брестовац беше краток. Лошата игра во првото полувреме во кое имавме постигнато само еден гол за 14. минути беше причината за крајниот исход.

„Лошо влеговме во натпреварот, ова ни се повторува веќе петти пат на Светското првенство. Имавме лоши, но имавме и добри моменти, но тоа не беше доволно за позитивен резултат

Првото полувреме беше клучно за победата на Русија, мораме да имаме посериозен пристап. Дојдовме тука да учиме, за нас беше важна втората рунда. Имаме млад тим и секој натпревар е искуство плус“, изјави Брестовац.

Слично на селекторот изјави и Дарко Георгиевски.

„Честитки за Русија. Како што кажа селекторот, петти меч по ред ги прави истите грешки. Примаме многу лесни голови од ривалот, потоа е тешко да се вратиш во натпреварот. Мора да одиграме подобро следниот меч“.

Во последното коло од главната фаза, Македонија игра против Белорусија.