Многу сценарија се појавуваат околу Европското првенство 2021 година, на кое учествува и Македонија. Првично е предвидено да се игра во 12 градови ширум Европа, а Македонија треба да игра два меча во Букурешт, и еден во Амстердам.

Меѓутоа се поизвесно е дека поради пандемијата на коронавирусот, ќе се сменат и плановите, па така ЕП ќе се одржи во една област или град. Се шпекулираше Лондон, потоа во Русија, а сега најновата шпекулација е дека ќе се одржи во областа Северна Рајна Вестфалија, пренесува РТЛ.

На мала раздалеченост има неколку градови како Дортмунд, Гелзенкирхен, Леверкузен, Келн, Дизелдорф, Дуизбург, Менхенгладбах, Бон, Бохум, а тука е и Франкфурт… кои имаат модерни стадиони со одлична инфраструктура.

Натпреварите во оваа област би се играле се до полуфиналињата, а потоа ЕП би се преселило во Лондон, како што беше првично планирано. А, можеби и ќе остане во Германија, но последните три меча би се играле во Берлин, Минхен или Франкфурт.

Постојат многу шпекулации за ЕП, но се чини дека нема да биде одржано во овој формат како што е планирано, односно 12 градови низ Европа. Официјалната одлука ќе биде соопштена во март.