Македонската ракометна репрезентација не успеа да приреди изненадување против Русија, беше совладана со 20-32 (9-19) за втор пораз во главната рунда, вкупно четврти на Светското првенство.

Уште едно лошо прво полувреме е зад нашите момци. Изледавме многу лошо, имавме многу загубени топки, промашувања, лоша реализација од само 17% во овој дел. Единствениот гол за Македонија во првите 13. минути беше дело на Кузмановски, на спротивната страна Русија поведе со 1-7. Стоилов ја прекина црната серија, погодоци за 2-7. На средината на првото полувреме имавме негатива од 3-8. Со нова серија од 2-0, противникот поведе со 3-10, намаливме на 5-10. На полувремето беше 9-19.

Во второто полувреме влеговме без Лазаров и Стоилов. Русија беше без постигнат гол цели седум минути, а ние со серија од 3-0 и одбранет седмерец на Томовски, намаливме на 12-19.

Во 39. минута заработивме две икслучувања, по кои Русија влезе во ритам. Во 48. минута противникот ја запиша најголемата позитива 14-25. До крајот не се промени ништо.

Македонија последниот меч на СП го игра во недела против Белорусија.

МАКЕДОНИЈА – РУСИЈА 20-32 (9-19)

МАКЕДОНИЈА: Митревски (10 одбрани), Томовски (1 одбрана), Стоилов 1, Димтриоски, Лазаров, Талески 1, Маркоски, Кузмановски 6, Крстевски 1, Костески 2, Поповски, Георгиевски 2, Мишевски, Младеновиќ, Пешевски 2, Серафимов 5.

ФОТО: handballegypt2021