Наумче Мојосвски е еден од најголемите поддржувачи на младите ракометари на Светското првенство. Сегашниот директор на Агенцијата за млади и спорт, некогашен репрезентативец, им замерува на момците што не се борат.

„Проблемот е борбата. Почнавме лошо, без желба, без борба. Никој нема да го спори резултатот каков и да биде, ама не смее да да не се борат. Мора да се мотивираме, самото Светско првенство мора да биде мотивација. Ракометарите треба да ја почувствуваат тежината на одговорноста, треба да знаат дека го носат грбот на нашата земја, никој нема да ти замери ако види дека се види дека се бориш, без борба на самиот старт се предадовме.

Светското треба да биде мотивација, ние едвај чекавме да стигнеме до едно вакво натпреварување. За децата ова ќе биде голем плус, поголемо искство. Но да не заборавиме дека има играчи кои се млади, но кои имаат пет до шест големи натпреварувања.

Сепак сите ја имаат мојата поддршка, треба трпение, треба да се искалат децата, ако се врати бората ќе се врати резултатот. Јас мислам дека со право ја прифативме поканата за СП, нека собираат искуство, велат да ги чекаме на 26 години, сигурно ќе има што да понудат“, рече Мојсовски за МРТВ.