Дека работата е сериозна, свој коментар даде и првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини, на денешниот прес кој беше свикан како реакција на сопштените на АМС. Тој предупреди на некои можни несогледливи последици по мак – фудбалот.

Не дај Боже, никој од нас не посакува, но чувствувам обврска да истакнам дека ваквото постапување на одредени лица може да доведе до “квантен скок“ ама наназад за македонскиот фудбал и нашите репрезентации. Токму сега кога го славиме македонскиот фудбал. Причина за тоа нема да биде Фудбалската федерација на Македонија, ниту јас како претседател, туку срамното и слепо однесување на поединци и институции со цел да се стави рака врз Фудбалската федерација на Македонија“ објасни Сејдини.