Уште едно лошо прво полувреме за македонската репрезентација на Светското првенство во Египет, против Русија имаме негатива од десет гола (9-19).

Не почнавме добро, изледавме многу лошо, имавме многу загубени топки, промашувања, лоша реализација од само 17% во овој дел. Единствениот гол за Македонија во првите 13. минути беше дело на Кузмановски, на спротивната страна Русија поведе со 1-7. Стоилов ја прекина црната серија, погодоци за 2-7. Селекторот, Данило Брестовац го повлече капитенот, Лазаров.

На средината на првото полувреме имавме негатива од 3-8. Со нова серија од 2-0, противникот поведе со 3-10, намаливме на 5-10. Во 20. минута, Серафимов заработи две минути исклучување, Лазаров се врати во игра.

Киреев беше одличен на голот на својата репрезентација, немавме решение за Сорока. Наместо да намалиме со играч повеќе, во 26. минута примивме гол за 7-16. Во 29. минута, негативата беше двоцифрена (8-18).

МАКЕДОНИЈА – РУСИЈА 9-19

МАКЕДОНИЈА: Митревски (5), Томовски, Стоилов 1, Димтриоски, Лазаров, Талески, Маркоски, Кузмановски 3, Крстевски, Костески, Поповски, Георгиевски, Мишевски, Младеновиќ, Пешевски 1, Серафимов 2.

ФОТО: handballegypt2021