Столе Димитриевски, нашиот репрезентативен голман со својот Рајо Ваљекано немаа среќа на денешната ждрепка во Копа дел Реј. Имено тие во осминафиналето ќе играат против Барселона, мечевите се играат на 26,27 и 28 јануари а тимот на Столе ќе биде домаќин.

Енис Барди пак со својот Леванте ќе игра против составот на Ваљадолид, и ќе биде гостин.

Додека сензацијата Алкојано, тимот кој во минатата фаза го елиминираше Рела Мадрид се среќава со Атлетик.