И оваа сезона во скијањето чести се падовите на најдобрите скијачи во Светото, а такво сценарио не беше избегнато и на популарната патека во австрискиот Кицбил. Патеката е наречена „патека на смртта“, а тука денеска настрада швајцарскиот скијач Урс Крајнбихл.

На последниот дел од патеката пред влегувањето на целта изгуби рамнотежа и доживеа страшен пад.

Леташе неколку метри со брзина од 150 километри на час, па можеше да „слушне“ тишина во Кицбил.

Првите информации велат дека станува збор за повреда на главата, и дека не бил во можност да зборува. Веднаш е пренесен во болница.