Еден од најдобрите скијачи во Светскиот куп во алпско скијање, Бит Фојц конечно триумфира на славната патека „Штрајф“ во Кицбил, Австрија. Светскиот шампион од 2017 го зазема највисокото место во спустот во Кицбил, каде што има вкупно четири втори места, од кои три во последните три години.

Втор на подиумот се искачи домашниот натпреварувач Матијас Маер, а трет италијанскиот скијач Доминик Парис. Разликата меѓу Фојц и Маер беше 0,16 секунди.

Инаку на трката многу скијачи имаа проблеми на стартот поради силниот ветар, па организаторите решија да го прекинат по двете паѓања на Рајан Кокран-Сигл и Урс Кринбил. Швацарецот имаше многу незгоден пад па со хеликоптер беше однесен во болница. Трката продолжи по половина час.

Утре е втората трка во спуст во Кицбил. А по денешниот настап Маер е прв на табелата во генералниот пласман во спустот (238 поени), а Фојц е втор (226 поени).

А во севкупниот пласман на СК прв е Алекси Пентиро со 778 поени, а втор е Омод-Килде со 560, трет е Одермат со 501 поен.