Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди ќе биде во „аут“ следните неколку недели затоа што ќе оди на санација на повредата на колкот со хируршки зафат. Повредата подолго време го мачи Варди и едноставно мораше да биде решен овој проблем.

Варди сезонава започна 15 од 18 мечеви во Пемиер лигата.

„Џејми Варди ќе го нема извесно време. За среќа не се работи за сериозна повреда туку за „поправка“ што се вели во пределот на колкот“ – изјави Брендан Роџерс.